VegExYu е страница за здрав начин на живот, веганизам, само -убие, животни, природа, запознавање (dating). Ако сакате да бидете дел од опцијата за разговор, да остварувате контакти, да разменувате погледи, да разговарате со други, да напишете на блог, треба да го отворите вашиот профил и да се регистрирате овде
Зошто ние?
поврзуваме и едуцираме

Нешто за нас
зошто сме различни
Ако си позитивен, весел, љубезен, го сакаш животот, луѓето, животните, здравата храна, спортот, природата, нашата планета, се грижиш за себе си и другите, се истражуваш себеси и своето окружување одвнатре, живееш или си живеел на просторите на бивша Југославија, тогаш си на вистинското место.
Место на убава енергија, место за запознавање со другите, место за размена на мисли, идеи, искуства и љубов. Ако знаеш дека никој не е ни подобар ни полош од тебе, туку дека нашата различност е само во нијанси, а всушност сме исти и поврзани и дека според срцето секогаш ќе се разбираме и сакаме. Ако тоа сеуште не го знеш, но си отворен за сознанија, ти си добродојден.
Желба ни е преку овој сајт да ги споиме луѓето, ради размена на убава енергија, љубов, создавање на нови контакти и врски.
Сите сме поврзани со невидливи сили, нашето битие е нашето најголемо богатство и ако им приоѓаме на другите со љубов во срцето и испружена рака, никој нема да ни биде странец.
Уживајте!
Ваш ,